fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на наставата на турски јазик

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на наставата на турски јазик

Почитувани сограѓани од турската заедница,

21 Декември е Ваш ден, ден кога пред 78 години започнала наставата на турски јазик во земјава, а веќе деценија и половина се одбележува како Ден на наставата на турски јазик.

Да се посетува настава на својот мајчин јазик е едно од вашите основни права, но и придобивка од негувањето и унапредувањето на долгогодишното заедништво на овие наши простори.

Негувајќи го Вашиот турски јазик, култура и традиција, Вие ги чувате белезите на  Вашата национална припадност, но и придонесувате за севкупната слика на убавата македонска и струмичка целовитост.

Нека Ви е честит и вековит Денот на наставата на турски јазик.

Share via
Copy link