Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Уапсен струмичанец, кај него се пронајдени марихуана и масло од канабис
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива