-Спортската инфраструктура во Струмица ја збогативме со уште еден спортски терен, а тоа е новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денеска се изврши примопредавање на игралиштето согласно „Хет трик III програмата на УЕФА“, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, на Општина Струмица и ФК „Академија Пандев“, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Овој спортски […]
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за континуираното вложување и обезбедување услови за квалитетни спортски можности од страна на АМС и Владата. На прес-конференцијата Мојсовски информираше подетално за одлуката на Владата да одобри 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од програмите за ковид мерките […]
-Честитки за одбојкарите на Џио Струмица за освоената шампионска титула. Момци, уште еднаш докажавте дека сте најдобри во македонската одбојка. Вие сте гордоста на Струмица!, напиша Јаневски.
Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија откако денеска славеше со 3-1 на гостувањето против Македонија ЃП. Пандевци први поведоа со голот на Ферати, кој подоцна заради груб старт, доби црвен картон. Иако Македонија ЃП вршеше силен притиок, Академија Пандев стигна до ново водство, преку пенал. Репрезентативецот Марјан Радески успешно го реализираше, откако […]
Одбојкарите на ЏИО Струмица се старо-новите освојувачи на Купот на Македонија. Домаќините на турнирот со 3:1 во сетови славеа над Универзитет Тетово во машкото финале на 28. издание од купот и по осми пат се закитија со вредносто признание.
Екипите на Вардар жени 2019 и на Јанта волеј Кисела вода ќе играат во финалето на 28.македонски одбојкарски куп во женска конкуренција. Вардарки го добија третиот меѓусебен и најважен дуел сезонава против Работнички Скопје со 3:0 (30:28, 25:21 и 26:24). Во вториот полуфинален натпревар иако Струмица жени поведе со 1:0 во сетови, сепак искусната екипа […]
Полуфиналните натпревари во машка конкуренција на 28.македонски одбојкарски куп, кои се одиграа синоќа, минаа очекувано со доминација на фаворитите за освојување на пехарот. В недела од 18 часот во салата „Парк“ ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово, што значи дека годинашното финале ќе биде реприза на завршниот меч од 2019. Второпласираниот тим во […]
Нашата Струмица е спортски град, а особено сме горди на богатата историја во одбојка во машка и во женска конкуренција, објави на фејсбук градоначалникот Коста Јаневски. Денеска со посебно задоволство имав средба со членовите на Одбојкарскиот клуб Џио Струмица, неколкукратен шампион на Македонија и се надевам дека титулата и оваа натпреварувачка година ќе остане во […]
Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае резултатите од Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) коешто ќе се одржи утре и нема да учествува со свој претставник. АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на […]
На традиционалната манифестација Избор на спортист, која се одржа во организација на Советот на општина Струмица, а под покровителство на градоначалникот Коста Јаневски, одбојкарот Владо Милев, член на ОК Џио Струмица, е избран за најдобар спортист на Струмица за 2020 година во категорија на квалитетен екипен спорт. Второто место и припадна на фудбалерката Сара Велкова […]