-Вакво јавно признание денеска добивме од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и останатите партнери кои учествуваа во отворањето на Советувалиштето за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство, објави градоиначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше на отворањето на Советувалиштето […]
Во последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 58• Битола – 34• Прилеп – 6• Струмица – 5• Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4• Тетово – 3• Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2• Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница […]
Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, советници и претставници на Секторот за урбанизам, извршија увид во работите повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ и заедно констатираа дека реализацијата на овој проект е во сероизна напредна фаза. -Веќе е подобрена земјишната подлога за работа на игралиштето, ставена е подземната инсталација, […]
-За жал, и по толку многу години од Гоцевата мисла: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, тој останува неразбран за оние кои упорно водат недостоен натпревар за кавга меѓу народите, рече градоначалникот Костадинов во обраќањето по повод 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев. -Делчев не може и не смее […]
Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование ги известува родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2022/2023 година во сите општински основни училишта. Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на […]
Денеска во Струмица, Струга, Велес, Крива Паланка и Крушево започнаа свечените активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Под мотото „МВР за граѓаните“, согласно веќе етаблираниот концепт ,,Полицијата во служба на граѓаните”, се одржаа свечености на кои присуствуваше раководството на МВР на различни локации во државата, но со заедничка цел – полицијата да биде […]
По пауза од две години Струмичката Православна Епархија повторно организираше свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица. Иконата синоќа беше изнесена од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“, од каде претпладне беше донесена на Плоштадот „Гоце Делчев“.
Бизнисмените од Струмица, денеска, се информираа заспецијализираните програми и услуги за развој на вештини за полесно вклучување на ранливите групи на пазарот на трудот. Претставници на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во рамки на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ порачаа дека со оваа проектна реформа, најзагрозените категории од сиромаштија, […]
Вчера се одржа шестата седница на Локалниот совет за превенција. Покрај дивите продавачи на јавните површини и проблемите на улицата „Антон Панов“, следен предизвик за членовите на Советот ќе биде решавањето на проблемот со кучињата скитници.
Струмичката православна епархија организира свечена литија на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница.По тој повод на 29.4.2022 година (петок) после вечерната служба во манастирот „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“, светата икона ќе биде пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ во Струмица. Наредниот ден, 30.4.2022 година (сабота) по Светата божествена литургија во црквата „Свети Димитриј и […]