Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, соопшти денес […]
Паричката за Бадник во семејството на премиерот Зоран Заев се падна кај него. Ова го објави ма Инстаграм неговата ќерка, Александра.
Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед, Постои меѓу народот една порака која вели „Кај и да си, за Бадник и Божик, дома да си“. Во таа порака се наоѓа суштината на значењето и големината на претстојните празнувања кои ја истакнуваат важноста на симбиозата помеѓу Рождеството Христово и домот. Токму затоа, Ви посакувам светлина, топлина, хармонија, благосостојба […]
Во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 300-Куманово 29-Дебар 10-Штип 18-Прилеп 23-Тетово 9-Струга 3-Велес 19-Битола 19-Охрид 22-Кавадарци 29-Гостивар 7-Гевгелија 10-Струмица 16-Крива Паланка 7-Радовиш 6-Крушево 1-Кочани 18-Пробиштип 4
Денеска почна расчистувањето на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“. Екипи на ЈПКД „Комуналец“, под раководство на директорот Зоран Горгиев, со специјализирани машини за чистење и возила за подигање на сметот ги расчистуваат остатоците и ги вадат пред влезовите на „Глобал“ каде се товарат во камионите. Според најавите од директорот Горгиев расчистувањето треба […]
Вечерва во 22.00 часот во село Василево, ТППЕ Струмица со 1 против пожарно возило и 3 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена табла со струјомери. По пристигнувањето на екипа на ЕВН и исклучување на електричната енергија, пожарот е успешно локализиран и изгаснат.
Во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 254-Куманово 32-Дебар 10-Штип 12-Прилеп 30-Тетово 21-Струга 7-Велес 28-Битола 23-Охрид 23-Кавадарци 30-Гостивар 18-Гевгелија 15-Струмица 17-Крива Паланка 7-Радовиш 1-Кочани 6-Пробиштип 3-Македонски Брод 2
Општина Струмица со сите ресурси е ставена на располагање за помош на сопствениците и корисниците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“. По вчерашното формирање на Координативното тело со претставници од релевантни општински и државни институции, денеска, Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, ги стави на располагање […]
Вчера во 22:55 часот во Полициската станица Струмица, Т.Т.(64) од Струмица пријавил дека на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.