Секторот за внатрешни работи Струмица подготви кривична пријава која ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и одговорно лице И.В. (45) кои сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичен закон на Република Северна Македонија, соопштија денес од полицијата. Имено, […]
Вчера во атарот на село Дабиле, ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 12 пожарникари интервенираше на гаснење на запален овоштарник со шупа и земјоделски машини, комбајн и балирана слама. Пожарот е локализиран и ликвидиран, а причинета е голема материјална штета. Пожарникарите интервенирале и во атарот на село Банско, каде гаснеле запалена сува трева […]
В недела, на 26 овој месец со почетокво 10:00 часот, Ловното друштво „Беласица“ од Струмица ќе одржи редовно годишно собрание. На собранието се очекува да се донесат одлуки за наредната сезона, како и отчет на Управниот одбор за сработеното лани. Оваа година е и изборна за претседател на Ловното друштво „Беласица“, функција која долги години […]
Државната пазарна инспекција утрово ги пломбираше вратите на ноќниот клуб „Аватар“. Се додека не се донесат протоколи за начин на работа на ноќни клубови и дискотеки, клубот ќе биде затворен. Аватар организираше забави и журки со голем број гости, кои не носеа маски, не одржуваа дистанца и не ги почитуваа препораките дадени од надлежните власти. […]
Три машки лица од Струмица на возраст од 24, 32 и 55 години се новите инфицирани од коронавирусот. Новозаболените се од нов кластери и не се поврзани со некој од досегашните, информираа од Центарот за јавно здравје во Струмица. Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 […]
ЈПЕД „Струмица Гас„ објави дека е намалена цената на природниот гас за повеќе од 3,2 денари за потрошен кубен метар. Тоа се должи на промената на цената на природниот гас на пазарите.Новата цена ќе се применува од 1 август. Од завршувањето на грејната сезона, во март годинава, цената на гасот е намалена за десет денари. […]
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува сите граѓани од овој регион дека второто прскање против комарци ќе се изврши на 22, 23 и 27 јули 2020 година, со следниот распоред: 1. На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево; 2. На 23.07.2020 […]
Вчера во 17:30 часот во СВР Струмица, М.Д.(35) од село Банско пријавила дека околу 13:00 часот во двор во нејзина сопственост во Банско истата, додека била заедно со нејзините две деца и К.С., биле физички нападнати од А.Д. и И.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Денес во 02:15 часот во СВР Струмица, Г.П.(19) […]
Државниот пазарен инспекторат по петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица, утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19, бидејќи ниту еден ноќен клуб во државата не смее да работи. Инспекторите направиле записник , по што следува и кривична пријава. Од „Аватар“ ги демантираат […]
Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19. – Скопје 73– Куманово 10– Дебар 1– Штип 60– Прилеп 5– Тетово 32– Струга 3– Велес 1– Битола 3– Охрид 2– Гостивар 14– Гевгелија 6– Струмица 4– Крива Паланка 3– Радовиш 3– Крушево 1– Кочани 8– Пробиштип 1– Демир […]