fbpx

Томиќ и Димовски нови засилувања на Академија Пандев

Бојан Димоски потпиша за Академија Пандев. Талентираниот 18-годишен фудбалер ја прифати понуда на „пандевци“ и се приклучи на сениорскиот состав.

Димоски доаѓа од тимот на Вардар и игра на позициите последен играч за врска како и на левата бековска позиција. Бојан е стандарден во младинските селекции на Македонија, а моментално е член на селекцијата У-19.

Пред официјализирање на пристапувањето во Академија Пандев е и Милан Томиќ (20), досегашен играч на белградска Црвена Ѕвезда. Тој ги поминал фудбалските школи на белграѓани, а настапувал како позајмен играч во српските Графичар и Ѕвездара. И тој игра на позиции во одбраната.

Претходно потпис на договорите со Академија Пандев ставија Милан Радески и Никола Серафимов.

Share via
Copy link