fbpx

Голем пожар на депонијата кај Добрашинци

 Голем пожар на депонијата кај Добрашинци

Голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево.

Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на Територијалната против пожарна едница на Струмица, Александар Гудев, кој информираше дека според првичните информации пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон акумулацијата „Турија“. Екипи на ТППЕ Струмица веќе се таму и почнаа со гаснење на пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.

Фото:архива

Share via
Copy link