fbpx

„Комуналец“ чисти и уредува во селото Сачево

 „Комуналец“ чисти и уредува во селото Сачево

Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „Комуналец“ Струмица покрај секојдневните активности продолжува со генералното чистење на населените места.

Денес се уредуваше Сачево, каде се исчисти центарот на населеното место, а исто така хортикултурно се уреди и малото паркче кое благодарение на ЈПКД „Комуналец“, и пред се на локалното население, кое го одржува, е едно од поубавите паркчиња низ населените места, а жителите го користат за одмор и разладување посебно во летно време, бидејки тука е и чешмата што мештаните ја користат за ладна вода.

Ова е еден убав пример каде свеста на локалното население и соработката со ЈПКД „ Комуналец „ допринесува за подобра поурбана средина од која придобивка имат сите жители на ова населено место.

Минатата недела „Комуналец“ чистеше и уредуваше во населените места Градско Балдовци и Добрејци.

Share via
Copy link