-Струмица е побогата за уште еден жител, прв во Новата година. После само еден час и 10 минути од доаѓањето на Новата 2024 година, на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ се роди здраво машко дете, тешко 3.350 кг. По царски рез, бебето на свет го донесе струмичанката Љубинка Терзиева, како […]
На денешната седница Советот го донесе Буџетот на општина Струмица за 2024 година. Тој ќе тежи 1.525.250.690,00 денари, од кои што 700.782.690,00 денари се однесуваат на блок дотации, 45.727.000,00 денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, 45.131.000,00 денари се однесуваат на донации и средствата од основниот буџет во износ од 733.610.000,00 денари. Градоначалникот […]
Состојбата со аерозагадувањето беше главната тема на денешната 15-та работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. На конференцијата покрај редовни членови на Советот, присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, граѓани, претставници на надлежни институциии, како Македонски шуми, Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекции. По дебатата за актуелната состојба, причините и решенијата, […]
-Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки во насока на одржување на поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот и сообраќајот.Како и претходните години, така и оваа, полициските службеници при редовно извршување на службените задачи плански ќе бидат поставени на локации каде се […]
Со цел за поуспесшно справување со отпадот од домаќинствата и правните субјекти и намалување на отпадот околу контејнерите кој дава лоша слика за градот ЈПКД Комуналец монтираше полуподземни контејнери со голем капацитет на 6 локации низ градот и тоа на : Ул. 24 Октомври (кај пицерија Бонита), кај Хотел Вила Парк, Ул. Невена Стојкова( позади […]
Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Заштита од корупција“ го објави новото истражување кое се однесува за буџетската ставка 463 на општините. Истражувањето покажа дека преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди: Здруженијата на граѓани и […]
Од денеска СОУ „Јане Сандански“ има нова спортска училишна сала со вкупна површина од 450 метри квадратни. Учениците и професорите добија современи услови за изведување на наставата по физичко образование. Салата во употреба ја пуштија градоначалникот Костадин Костадинов и директорката на училиштето Невенка Стојанова и е заедничка инвестиција на општина Струмица и СОУ „Јане Сандански“. […]
Почитувани сограѓани, христијани од католичка вероисповед, Празник е кога вистински празнуваат срцата и душите. Празник е кога му се радувате на денот кој ве исполнува и ве прави посреќни од вообичаеното. Овој ден е токму таков, ден во кој со озарени лица го славите раѓањето на Исус Христос, кој повторно ја дарува смислата на постоењето, […]
Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024. -Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни […]
Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“, ќе има пренасочување на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.