fbpx

Бојмацалиев: Со 50 милиони денари создадовме модерни работни услови на полицијата во Радовиш, Гевгелија, Дојран, Валандово

 Бојмацалиев: Со 50 милиони денари создадовме модерни работни услови на полицијата во Радовиш, Гевгелија, Дојран, Валандово

Денеска дополниелниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари работна посета на подрачјето на СВР Струмица каде што оствари работни средби со раководствата на СВР Струмица и Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

„Од страна на раководството на СВР Струмица бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе два месеци од оваа година, ја оценивме безбедносната состојба како поволна, разговаравме и за подготвеноста на полицијата околу безбедносниот аспект на Струмичкиот карневал каде што вечерва на покана од градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов на мое особено задоволство ќе присуствувам на главниот настан од осумдневните карневалски свечености на еден од дваесетте најдобри улични карневали во светот, Струмичкиот карневал”, рече Бојмацалиев.

Изминативе шест години на подрачјето на СВР Струмица реконструирани се: ОВР Радовиш, ОВР Валандово , ОВР Гевгелија и ПО Дојран.

„За сите посочени објекти издвоивме околу 50 милиони денари средства од Буџетот на МВР кои според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби во интерес на подобрување на услугите на граѓаните од овој регион”, рече Бојмацалиев, со уверување дека колегите од СВР Струмица ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период. 

Share via
Copy link