Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Завршија карневалските празнувања во Струмица
Со Тримерскиот ручек – круната на карневалските празнувања во Струмица, денеска заврши Струмичкиот карневал 2024. Во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“, настапи ансамблот „Распеани струмичани“, а градоначалникот Костадин Костадинов, членови на Советот на општина Струмица, претседателот и членовите на Организациониот одбор на карневалот и граѓани на Струмица ги вкусија разновидните посни тримерски специјалитети, типични за струмичкото поднебје.
На последниот ден од осумдневните карневалски празнувања, претседателот на Одборот, Александар Цицимов, од името на карневалистите му го врати клучот од градот на градоначалникот Костадин Костадинов, кој во изминатите осум дена беше во нивни раце. Градоначалникот Костадинов рече дека сега ќе може целосно да им се посвети на предизвиците со коишто се соочуваат граѓаните на Струмица.
-Струмичкиот карневал низ годините секогаш бил причина за гордост за сите струмичани и струмичанки. Тој бил главна афирмација и промоција на Струмица и се што е струмичко. Дали градоначалникот е задоволен од се што се случуваше на карневалот? Ете, јас да не кажам ништо, ако не може да следиме се, се појавивме на најударниот тајминг на Си-Ен-Ен. Светот дозна и слушна за Струмица, ама слушна и за Македонија и тоа не само по проблемите, туку и по нешто што е убаво. Затоа со таа динамика треба да продолжиме од година на година се посилно и посилно, ако оваа година беше најмасовен досега, до година да биде уште помасовен. Важни се и финансиските средства, поддршката од Општината, спонзорите и другите поддржувачи на Струмичкиот карневал, но најважно е и младите и возрасните да го негуваат духот на Струмичкиот карневал. Ако лани постковид ни беше потешко, годинава се надминавме во последните 15 години, до година ќе биде уште потешко за карневалскиот одбор, ама ќе биде поубаво за струмичани и струмичанки. Затоа да си ја чуваме и негуваме традицијата, да си го почитуваме Карневалот и да си ги почитуваме и негуваме Тримерите, рече градоначалникот Костадинов.