Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Струмичанец загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Дабиле

МВР соопшти дека вчера околу 19:35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.
На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.