fbpx

Струмичани најмногу се жалат на уличното осветлување

Во првата половина од годинава до општинскиот сервис ,,Систем 48″ ималe вкупно 526 пријави, од кои решени и одговорени се 400 пријави. Останатите 126 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од доставените пријави се од областа на уличнотo осветлување -389, од областа на собирање смет -55, водовод и канализација -35, паркови и зеленило -26 , општински инспекцисли служби -4, улици, патишта и тротоари -17 пријави.

Од ,,Систем 48″ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира и да се решаваат проблемите.

Share via
Copy link