fbpx

Струмичката болница со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема

 Струмичката болница со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема

ЈЗУ „Општа болница Струмица“ обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

-Со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно опоравување и пократок престој на пациентите во болница, за разлика од отворените хирушки интервенции.Тимот на хирурзи , хирурзи на абдоминална хирургија,во нашата болница веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во нареден период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија,како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, стои во информацијата од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Во текот на 2023 година во болницата се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Share via
Copy link