fbpx

Струмичките пожарникари добија камион и дрон за гасење и следење на шумски пожари

 Струмичките пожарникари добија камион и дрон за гасење и следење на шумски пожари

Денеска преку проектот,,Рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и откривање на катастрофи – eFidar, финансиран од Европската Унија преку Интеррег СВС Програмата, ТППЕ Струмица доби специјално против пожарно возило за гасење шумски пожари со носивост од 3.000 литри вода и 300 литри пенило и дрон за рано откривање на шумски пожари.

-Благодарност до Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Струмица кои со своето учество во овој проект придонесоа да се набави оваа опрема и возило, стои во објавата на струмичките пожарникари.

Клучот и камионот, како и дронот, на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов му ги предаде директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, а потоа Костадинов му ги предаде на командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Против пожарните единици од Гевгелија и Радовиш, исто така, добија дронови од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој го имплементира  проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Центарот е проектен партнер во овој проект и го имплементира заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и нашата држава.

Share via
Copy link