Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, избран за претседател на Советот за развој на Југоистокот
Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, со мнозинство гласови од градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ денеска е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. Против неговиот избор беа градоначалниците од СДСМ од Струмица, Богданци и претставникот на Валандово, кои го напуштија гласањето за неговиот избор откако претходно побараа за претседател со консензус да биде избран струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.
По две паузи и кординации на градоначалниците од двете партии, со 6 гласови од градоначалнциите од ВМРО ДПМНЕ, Андонов беше избран за претседател, функција која трае една година, а досега ја извршуваше градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.