fbpx

ЦУК:пожари во Радовиш и Струмица, гореле куќа и трактор

 ЦУК:пожари во Радовиш и Струмица, гореле куќа и трактор

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека во вчерашното деноноќие пожари на отворени немало, туку само три интервенции во урбани средини и активни пожари утрово нема.

Конкретно, Територијалната противпожарна едница ТППЕ Радовиш во период од 14:45 до 16:45 часот, со три против пожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запалена куќа.

Пожарникарите од ТППЕ Струмица во период од 15:05 до 16:05 часот, со едно против пожарно возило и три пожарникари гаселе запален трактор во селоТурново.

Фото: архива

Share via
Copy link