28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш
Струмичките пожарникари изгаснаа запалена цистерна на патот Струмица-Радовиш
Денеска во 09:18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на село Владевци, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво, соопштија пожарникарите.
Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран.
Фото: ТППЕ Струмица