fbpx

„Струмица Гас“ ја намали цената на гасот

ЈПЕД „Струмица Гас„ објави дека е намалена цената на природниот гас за повеќе од 3,2 денари за потрошен кубен метар. Тоа се должи на промената на цената на природниот гас на пазарите.Новата цена ќе се применува од 1 август.

Од завршувањето на грејната сезона, во март годинава, цената на гасот е намалена за десет денари. Во март потрошувачите плаќаа 41 денари за потрошен кубен метар гас, а сега со намалувањето ќе плаќаат 31,176 денари.

Share via
Copy link