Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
Струмица меѓу 19 градови-кандидати за Европска младинска престолнина
Струмица е во конкуренција заедно со уште 18 градови за Европска младинска престолнина за 2025 година. Заедно со нашиот град конкурираат:Анталија и Измир (Турција), Дубровник (Хрватска), Алимос и Комотини (Грција), Љубљана (Словенија), Лавов (Украина), Мадрид, Фуенлабрада и Азкуека де Хенарес (Шпанија), Бургас и Стара Загора (Бугарија), Парденоне и Савона (Италија), Тромсо и Мосјон (Норвешка), Кишињев (Молдавија и Гратвен-Страбенгел (Австрија).
На 7 април ќе се знае кои апликанти ќе влезат во потесниот избор, а Струмица e прва општина од Република Северна Македонија која конкурираше, а апликацијата ја поднесе на крајот на минатиот месец.
Досега европски главни градови на младите биле повеќе престолнини и познати европски градови, а за годинава оваа титула ја понесе Тирана. Идната година младинска престолнина е Љублин (Полска), а за 2024 година ова признание му припадна на Гент (Белгија).