fbpx

Полициски билтен: пронајдена марихуана, физички напади,кражба на огревно дрво

На 27.03.2022 во 14.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(40) од Струмица. При претрес на моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на И.С., била пронајдена марихуана. Додека, при претрес на неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени пари во различни валути. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.03.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Р.(26) од Радовиш пријавил дека околу 17.35 часот на место викано „Сирава“, во близина на село Подареш, радовишко, бил физички нападнат од В.В. и Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.03.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица, Ш.А.(36) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 21.00 часот во угостителски објект во село Сарај, струмичко, бил физички нападнат од И.М. и Д.„Н“ од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.03.2022 околу 22.00 часот во дворно место на В.Ѓ. во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, натоварено со бесправно исечени дабови огревни дрва, како и други огревни дрва кои претходно биле оставени во дворното место, а кои, исто така, биле без соодветна документација. Дрвата и возилата биле предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш.

Share via
Copy link