fbpx

Во завршна фаза е изградбата на спортската сала во ООУ „Маршал Тито“ во Муртино

 Во завршна фаза е изградбата на спортската сала во ООУ „Маршал Тито“ во Муртино

Градончалникот Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица, денеска, изврши увид во завршните активности. Ако се се одвива според планот, салата ќе биде пуштена во употреба кон крајот на месец април.

Инвеститор на проектот е Владата на Република Северна Македонија, се реализира преку Министерство на образование и наука, а свој влог има и општина Струмица.

Овој спортски објект е на површина од 650 метри квадратни, граден по современи стандарди во кој учениците ќе можат да ги изведуваат спортските активности.

По Муртино, нова спортска сала ќе се гради и во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.

Share via
Copy link