fbpx

„Струмица на улица“ по трети пат по улиците на Струмица

 „Струмица на улица“ по трети пат по улиците на Струмица

Атлетскиот клуб „Беласица ран“ од Струмица преку соопштение за јавност ги известува сите граѓани на општина Струмица дека на 11 јуни (сабота) со почеток од 19.00 часот ќе се одржи спортската манифестација „Струмица на улица“.

Овој настан е под покровителство на општина Струмица и се пријавени повеќе од 300 учесници за дисциплините 21км, 10км и 5км. За најуспешните се предвидени награди и медали.

Со цел непречено и успешно реализирање на настанот во периодот од 18:00 до 22:00 часот под времен режим на сообраќај ќе се одвива сообраќајот на улиците:
– бул.Маршал Тито (од ТЦ Глобал до Македонски Пошти, во двата правци);
-ул.„Балканска“ (од Македонски Пошти до крстосница со ул.”Крушевска Република”,
во двата правци); ул.„ Маршал Тито“(од крстосница со ул.„Крушевска Република“ до
крстосница со ул.,,Елка Јанкова”, во двата правци); -бул.„Гоце Делчев“ (од Македонски
Пошти до кружен тек на ул.,,Младинска”, во двата правци); – ул.„Ленинова“ (од ТЦ
Глобал до кружниот тек со ул.„Цветан Димов“).

Share via
Copy link