Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Струмица со 13 нови и 8 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 168• Битола – 41• Прилеп – 31• Кавадарци – 24• Охрид – 15• Куманово, Велес, Штип, Струмица-13 и Кочани – по 13• Делчево – 11• Ресен и Валандово – по 10• Демир Хисар – 9• Неготино и Берово – по 8• Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7• Тетово – 3• Македонска Каменица – 2• Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица:
2 починати лица од Скопје (57г, 78г) и по едно починато лице од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од:
• Скопје – 165• Прилеп – 36• Битола – 27• Крива Паланка – 15• Куманово – 14• Кочани – 13• Охрид – 11• Кавадарци и Кратово – по 9• Струмица и Неготино – по 8• Демир Хисар – 7• Штип, Ресен и Кичево – по 6• Гевгелија – 5• Велес, Берово и Радовиш – по 4• Тетово, Струга и Пробиштип – по 3• Виница – 2• Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339