СВР Струмица со засилени мерки за санкционирање на возачите за непочитување на прописите
Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија оттаму денеска.
-Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на тротоарите на градот Струмица, со што се оневозможува безбедно движење на пешачите (посебно стари лица и деца) по истите, се наведува во соопштението.
Апелираме до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација, а се со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Во спротивно, за непочитување на истото ќе се преземаат законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.