fbpx

СВР Струмица за инцидентот со дивите продавачи во центарот на градот

 СВР Струмица за инцидентот со дивите продавачи во центарот на градот

Секторот за внатрешни работи Струмица во изминатите месеци континуирано презема мерки за санкционирање на нелегалните продавачи на текстил, кои се поставуваат на тротоарите од булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“ во Струмица, со што вршат узурпирање на сообракајни површини.

Ваква активност во координација со ДПИ била преземена и на 15.02.2022 година на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, при што била одземена текстилна стока од такви продавачи на текстил, но групата продавачи презеле дејствија со цел насилно да ја одземат стоката. Секторот за внатрешни работи Струмица презеде мерки за утврдување на идентитетот на сите лица учесници во настанот и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384 од Кривичниот законк.

Преземањето на вакви мерки и активности беше еден од заклучоците донесени на претходните седници на Локалниот совет за превенција во Струмица и СВР Струмица во координација со Држвен пазарен инспекторат и во иднина ќе продолжи со истите со цел санкционирање на ваквите нелегални продавачи кои вршат и узурпирање на сообракајни и јавни површини.

Share via
Copy link