Tags : Црвен крст Струмица
Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска со мерење на нивото на шеќерот и крвниот притисок на граѓаните во центарот на градот го заврши одбележувањето на Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина-8 Мај и Неделата на Црвен крст од 8 до 15 мај. -По тој повод, денеска 15 мај, ги заокружуваме активностите кои ги […]
Денеска се одржа конститутивно-изборна седница на собранието на ОО Црвен крст Струмица.На седницата се избраа претседател, потпретседател, раководен одбор и финансиска комисија. Едногласно за претседател повторно е избран д-р Васил Тунев, а потпретседател д-р Татјана Тимова.
Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица Благој Спасов донираше 30 новогодишни пакетчиња. Пакетчињата ги купил од парите што му биле планирани за роденденска прослава, па наместо да слави роденден овој хуман граѓанин се одлучил за донација. Пакетчињата ќе се донираат на дечиња од ранлива категорија.
Министерката за труд и социјална помош, Јагода Шахпаска ја објави мапата на општини во кои е активна услугата Помош и нега во домот, општини каде се отвориле Центри за дневен престој на деца со попреченост и Центри за дневен престој на стари лица. На мапата се и општините од струмичкиот регион, Василево и Ново Село, […]
По повод кампањата Денот на гладта, под мотото „Помислете и на нас“, кој се одбележува на 16 октомври, Општинската организација на Црвен крст Струмица организира собирна хуманитарна акција за прибирање на прехрамбени артикли и парични средства. Акцијата се одржува во периодот од 16 до 22 Октомври, каде граѓаните, фирмите и институциите можат да донираат прехрамбени […]
Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа заедничка обука за пружање прва помош за вработените во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и за Црвениот крст. Обуката се одржа во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, кој се одбележува со најразлични активности во текот на месец […]
Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска продолжи циклусот обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост. Обуката ја посетуваат 15 кандидати, од кои 8 од Гевгелија, 5 од Радовиш и 2 од Валандово. На почетокот на обуката кандидатите ги поздрави секретарот на ОО Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, која […]
Од 13 до 15 август пет волонтери од Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Струмица учествуваа на Младинскиот камп на Преспанско езеро, во Авто кампот „Крани“. Кампот беше организиран од Општинската организација на Црвен крст Битола, а темата на кампот беше “Како се одвиваат активностите во време на Ковид пандемијата и вакцинација”. […]
Волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска почнаа со делење 3.000 хигиенски пакети и лектири за деца до 12 години од турска и македонска националност. Хигиенските пакети се наменети за семејствата, а оние што имаат деца добиваат и комплет лектири на турски и на македонски. Денес беа опфатени 93 семејства во селата Доброшинци […]
Општинската организација на Црвен крст Струмица, во рамките на своите надлежности,по програмата за одговор при катастрофи и елементарни непогоди и законските одредби на секој објект каде има капачи да има спасувач на вода, ќе организира курс за спасување на вода по програмата на ILS (International life saving federacion), по која се работи во цел свет. […]