fbpx

Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Струмица учествуваа на Младинскиот камп на Преспанското езеро

 Волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Струмица учествуваа на Младинскиот камп на Преспанското езеро

Од 13 до 15 август пет волонтери од Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Струмица учествуваа на Младинскиот камп на Преспанско езеро, во Авто кампот „Крани“.

Кампот беше организиран од Општинската организација на Црвен крст Битола, а темата на кампот беше “Како се одвиваат активностите во време на Ковид пандемијата и вакцинација”.

На кампот учествуваа 50 млади волонтери, а тридневниот престој поминал во логорување, дружење, забава и работа.

Share via
Copy link