fbpx

Tags : годишнина

Општина Струмица ја одбележа 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев

-За жал, и по толку многу години од Гоцевата мисла: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, тој останува неразбран за оние кои упорно водат недостоен натпревар за кавга меѓу народите, рече градоначалникот Костадинов во обраќањето по повод 119-годишнината од убиството на Гоце Делчев. -Делчев не може и не смее […]

Одбележана 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Со пригодна свеченост пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, денеска, општина Струмица ја одбележа 18-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Во знак на почит, свежо цвеќе пред споменикот положија претставници на семејството Трајковски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Кирил Парталов, претседателот на Советот […]

Одбележана 80-годишнината од големиот 11 Октомври

Со пригодна свеченост којашто се одржа пред споменикот на Револуцијата во градскиот парк, Oпштина Струмица ја одбележа 80-годишнината од големиот 11.Октомври. За значењето на Денот на востанието и Денот на борецот, зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски. -Денес е ден за временско премостување. Денес е ден за јубилејно потсетување на еден исклучително значаен датум од македонската историја. […]

Во Богданци одбележан денот на општината и годишнината од ослободувањето

Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци, Општина Богданци го одбележа Денот на општината, 10-ти Октомври, 77 години од ослободувањето на Богданци од фашистичките окупатори. На настанот присуствуваа градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Елена Шутарова, пратеничката Драгица Ѓавочанова, претставници од Сојузот на борците […]

Одбележана 70.годишнината од убиството на петтемина струмички студенти

Пред споменикот на петтемина струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев,  беше одбележана 70 годишнината од нивното убиство. За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови […]

Одбележана 77.годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

Општина Струмица денеска ја одбележа 77.годишнината од убиството на Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот историски времеплов. По тој повод се одржа пригодна свеченост пред споменикот во градскиот парк, а за животот и делото на Мучето зборуваше Ацо Ѓоргиев, член на Советот на општина Струмица. Tој истакна дека народниот херој Благој Јанков Мучето […]

Одбележана годишнината од загинувањето на бранителот Атанас Јанев

Денес се навршуваат 20 години од загинувањето на нашиот сограѓанин Атанас Јанев кој беше една од жртвите на воениот конфликт од 2001 година. Јанев загина на денешен ден со уште двајца бранители од. редот на полицијата, во борбите кај гробиштата во Брњанци за ослободување на селото Арачиново. По тој повод градоначалникот Коста Јаневски денеска положи […]

Одбележена 17-годишнината од смртта на Борис Трајковски

Денеска пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот Борис Трајковски, беше одбележана 17-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот цвеќе положија членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани и делегација од Владата предоводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За ликот и делото на […]

Одбележани 78 години од смртта на првоборецот Герас Цунев

Пред спомен бистата во Малиот градски парк во Струмица денеска беше одбележана 78 годишнината од смртта на првоборецот Герас Цунев. За животот и делото на Цунев говореше секретарот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, Петре Ѓоргиев, а цвеќе положија градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претставници на Советот на општината, Општинскиот одбор на […]

Одбележана 76 годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков

Општина Струмица денеска ја одбележа 76-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето. Во негова чест пред спомениците во големиот и малиот градски парк, свежо цвеќе положија претставници на Општина Струмица, членови на семејството, Општинскиот одбор на Сојузот на борците, институции и политички партии.