Од 14:05 ч. сообраќајот на Регионалниот пат Струмица-Валандово се одвива наизменично, информираа од АМСМ. Според информациите кои ги пренесува порталот Strumicko/Струмичко, причина за тоа е превртен камион. од АМСМ апелираат возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината на движење и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и насоките од надлежните служби. Фото: архива
Tags : пат Струмица-Валандово
Утрово околу 06:20 часот на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“, се превртело комбе-автобус при што повеќе патници се полесно повредени. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на патот Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се […]
Од Авто мото сојузот на Македонија соопштија дека од 13:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Валандово. Забаранат беше воведена претходно заради појава на голомразица на овој патен правец.