-Со здружени сили, сите заедно и директорот и раководителот и претседателите на двата синдикати и сите ние заедно за поубава средина, за поздрава околина, за подобри услови за работа, објави директорот на Македонски пошти во Струмица, Синиша Илијоски. Денеска тие го уредија влезот во Поштата во Струмица и му дадоа нов лик.