Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција. Денеска, генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници […]
Tags : ЗНМ
Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ. Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од […]
Советот на Апелациониот суд во Скопје составен од судиите Татјана Дуковска како Претседател на советот, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи донесоа скандалозно и срамно решение против новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ. Апелациониот суд во Скопје со решението од 08-ми ноември ја укинува пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје и го враќа предметот на […]
Почитувани колешки и колеги, Ве информираме дека Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот свикува редовно изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ. Новинар(к)ите и медиумските работници што сакаат да учествуваат на изборното Собрание, кое ќе се одржи на 3-ти декември (сабота) […]
По назначувањето на Искра Хаџи Василева за обвинителка која ќе го следи постапувањето во предметите во кои се нападнати новинари, во кои тие се оштетени, сведоци или се пријавени во врска со извршување на своите работни задачи, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и Хаџи Василева пред Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) прецизираа кои ќе […]
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на непримерната комуникација на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат […]
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) Павле Беловски денеска имаа средба со шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски. На состанокот Чадиковски истакна дека од исклучителна важност за унапредување на заедничката соработка и комуникација е формирање на ново одделение во […]
Оваа пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права во Стразбур доаѓа откако домашните судови пресудија дека уредничката на ,,Фокус” Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му платат над 9000 евра штета на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за изнесена клевета и навреда. Според пресудата на Стразбур, која беше објавена денеска, правосудните органи […]
Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на […]
Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профилот на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и […]