fbpx

Сообраќајна несреќа кај Владевци, патот Струмица-Радовиш во целосен прекин

Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци, информираа од АМСМ.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила кај селото Владевци околу 18:40 часот и во неа учествувале мотоцикл и автомобил.

Повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна.

Share via
Copy link