fbpx

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката кај Владевци

 Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката кај Владевци

Сопатник на мотор загина во сообраќајната несреќа, а возачот е повреден во собраќајната несреќа што се случи во 18:40 часот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево.

Како што информираше попртпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, повредениот е пренесен во струмичката болница.

Во сообраќајката учествувале мотоцикл со кочански регистарски ознаки и автомобил со струмички регистарски таблички.

Од МВР повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Share via
Copy link