fbpx

МВР со детали за сообраќајката кај Владевци

 МВР со детали за сообраќајката кај Владевци

На 13.05.2023 околу 18:30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај село Владевци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(18) од село Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани.

На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од село Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link