fbpx

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка на патот Нова Маала-Чанаклија

На 22.06.2022 во 10.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Г.О.(63) од село Чанаклија и патничко моторно возило „фолксваген фолф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(39) од Струмица, соопштија денеска од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.О. кои му биле констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link