fbpx

Тешко повреден возач по излетување на патот Свидовица и Куклиш

Синоќа во 20:00 часот на регионалниот пат с.Куклиш-с.Банско-с.Мокрино, на делницата помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш, патничко моторно возило „ланчија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ц.Ц.(61) од Струмица, излетало надвор од коловозот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.Ц. кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link