fbpx

Тракторист од Костурино потешко повреден на патот Валандово-Струмица

 Тракторист од Костурино потешко повреден на патот Валандово-Струмица

Вчера во 18:45 часот било пријавено дека регионален пат Валандово – Струмица, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Извор: соопштение на СВР Струмица

Share via
Copy link