Трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција
Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:
Општина Василево
- На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
- На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.
Општина Босилово

Општина Ново Село
- На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
- На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.
Општина Гевгелија
- На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
- На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
- На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Гевгелија ќе се изврши прскање против возрасни комарци.
Општина Дојран
- На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 22.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
- На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.
Општина Струмица
- На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
- На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
- На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Струмица ќе се изврши прскање против возрасни комарци.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.