fbpx

Три гевгеличанки повредени во сообраќајка на патот Богородица-Стојаково

 Три гевгеличанки повредени во сообраќајка на патот Богородица-Стојаково

На 02.10.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат од село Богородица кон село Стојаково, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(29) од Гевгелија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките В.Т.(59) и М.П.(72), двете од Гевгелија, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Т.(18) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link