fbpx

Три лица повредени во сообраќајка кај Марвинци

Вчера во 10:40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај село Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија, информираа денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од с.Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

Share via
Copy link