fbpx

Тројца повредени во сообраќајка кај Босилово

Вчера во 07:35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај село Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, управувана од Б.Џ.(40) од Струмица и патничко возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од село Петралинци, струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, а со телесни повреди се здобиле сопатникот одработната машина К.С. и С.Д., констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Во координација со Јавен обвинител, бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица. 

Share via
Copy link