fbpx

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Вчера во 09:45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица- Ново Село, на делница од село Босилово до село Турново се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(34) од с.Иловица и паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на З.С.(45) од село Костурино во кое сопатник бил Р.С.(55) од село Костурино, соопштија денес од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.С. констатирани од доктор во Јавна здравствена установа Струмица.

Сите учесници во незгодата се пренесени во Јавна здравствена установа Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link