„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Тројца струмички пожарникари учествуваат на обука за спасување од урнатини
Во периодот од 18-22 октомври тројца пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на Републичкиот тим за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини, учествуваат на обуката за спасување од урнатини која ја спроведуваат експерти од Дирекцијата за цивилна заштита на Франција.
На обуката присуствуваат и претставници од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, припадници на тимот за брз одговор за пребарување и спасување од Тетово, на тимот за брз одговор за пребарување и спасување од планина и високи објекти од Битола, од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, како и од Дирекцијата за заштита и спасување.