fbpx

Отворена Градска уметничка галерија на Струмица

 Отворена Градска уметничка галерија на Струмица

Вечерва во Струмица беше отворена Градска уметничка галерија лоцирана на плоштадот, во просторор која порано се користеше за регистрација на бракови.

Со средства од Министерството за култура и Општина Струмица во адпатирањето на објектот се вложени околу 6,5 милиони денари, а по повод отворањето беше поставена изложба „Сто години струмичка ликовна уметност“ од дела од ликовни уметници од Струмица.

На отворањето на новата уметничка галерија говореа Марјан Минов, ликовен критичар, Александар Филев, раководител на Секторот за ликовна уметност при НУЦК „Антон Панов“ Струмица, ликовниот уметник Ѓорги Божинов-Фаника и досегашниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

Во обраќањето Јаневски истакна дека очекува во новата галерија свое место да најдат и дела од богатата ризница на Меѓународната струмичка ликовна колонија, но и да се создадат услови за реставрација на вистинските ремек-дела од таа ризница и нивно ставање на показ на струмичката, македонската и меѓународната културна јавност.

-Покрај тоа, оваа Уметничка галерија отвора многу можности и за разни други изложби, работилници, предавања, промоции и други ликовни и културни содржини, како од локален и регионален, така и од национален и меѓународен карактер. Со тоа, богатата културна лепеза на нашиов град ќе ја зацврсти Струмица уште повеќе на мапата на најголемите македонски културни центри, рече Јаневски.

На отворањето на новиот галериски простор присутвуваше и новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, сопругата на премиерот Заев, Зорица, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и голем број граѓани и ликовни уметници.

Share via
Copy link