fbpx

Ученици од СОУ „Никола Карев“ изработија и донираа постелнина за болницата

 Ученици од СОУ „Никола Карев“ изработија и донираа постелнина за болницата

Ученици од текстилната струка од  втора година од СОУ “Никола Карев” од Струмица, кои за прв пат ја изведуваат феријална пракса,  изработија детска постелнина, која беше донирана на  Детско одделение при струмичката болница.

Според директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, д-р Наќе Гогов, донацијата од 30 постелнини за Детското одделение значи многу и уште позначајно е што донирањето ќе продолжи и во наредниот период од учениците кои ќе ја изведуваат феријалната пракса.

Учениците праксата ја одржуваат во конфекцијата “Ева Стил” под менторство на професорките Милица Поповска и Олгица Цонева, а веќе и втората група ученици ја почнаа праксата и нивните изработки ќе ги донираат на болницата.

Share via
Copy link