Жител на Конче физички нападнал лице со здравствени проблеми
Училиштето „Сандо Масев“ доби детски амфитеатар
Општинското основно училиште „Сандо Масев“ денеска го стави во употреба Детскиот амфитеатар во форма на петоаголник кој е наменет за одржување часови на отворено, драмски и музички настани, творење и за секаков вид забави.
Отворањето на Детскиот амфитеатар го поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, кој присуствуваше на првиот настан организиран на овој простор, а беше и во разгледување на спортската сала која по изградбата на новата, ќе биде преадаптирана во специјализирана спортска сала за лица со попреченост.