„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21:00 часот
На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, објави премиерот Зоран Заев.
-Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, напиша Заев.