fbpx

Украинци на диво копале на „Исар“ кај Марвинци

 Украинци на диво копале на „Исар“ кај Марвинци

На 21.10.2022 околу 12:00 часот на археолошкиот локалитет „Исар“ кај село Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје, соопштија денеска од МВР.

Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор.

По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Share via
Copy link